7 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ПИСМОТО КОЕ НИКОГАШ НЕ СТИГНА: Ганди му напишал на Хитлер писмо кое можеше да спречи војна.. (фото)

Дали знаевте дека Махатма Ганди му испрати писмо на Адолф Хитлер во 1939 година за да се обиде да ги спречи страдањата кои се случија за време на Втората светска војна?

Имено, писмото испратено од Индија на 27 јули 1939 година е еден вид повик за мир, во време кога тензиите во Европа веќе беа на својот врв и се подготвуваше неизбежното – крвава војна.

Сепак, ова писмо никогаш не стигна до Хитлер поради интервенција на британските власти, а само еден месец подоцна, германската армија ја нападна Полска.

Ганди призна дека пријателите го замолиле да му напише на нацистичкиот лидер заради доброто на човештвото. Тој долго време давал отпор затоа што сметал дека таквото писмо ќе биде знак на дрскост. Сепак, тој одлучи да му се обрати на Хитлер – без оглед на ефектот.

„Сосема е јасно дека денес сте единствената личност во светот што може да спречи војна што се заканува да го доведе човештвото во дивјачка состојба. Дали мора да платите толкава цена за некоја цел, без оглед колку ви изгледа тоа вредно?“, напиша Ганди.

Тој го замолува Хитлер да го послуша апелот на човекот кој ја отфрла војната како метод за постигнување успех.

На крајот, Ганди изразува надеж дека Хитлер ќе му прости ако неговото писмо предизвика гнев.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести