Најпознатата водителка во светот, Опра Винфри заработи не помалку туку цели седум милиони долари од едно интервју.
Станува збор за ексклузивното интервју со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл кое го направи познатата Опра Винфри.
Зад интервјуто стои нејзината компанија „Harpo productions„, а таа ги продаде правата за пренесување на интервјуто до станицата CBS за седум милиони долари.
Во двочасовно интервју, кое беше емитувано на телевизијата CBS, парот зборуваше за расизмот и дисфункционалноста на кралското семејство.

Според проценките на Нилсен, целото интервју го гледале во живо 17 милиони гледачи. Иако интервјуто беше емитувано во ударно време, овој број гледачи се смета дека е исклучително голем (со исклучок на преноси на спортски настани).
Меган откри дека размислувала за самоубиство, додека Хари рече дека тој и неговото семејство се чувствувале „заробени“ додека го воделе кралскиот живот.