6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

На одмор во Грција или со вакцина или со негативен тест

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека имаат честа комуникација со грчкиот министер за здравство, а утрово разговарал и со грчкиот министер за туризам.

-Во рамки на епидемиолошката состојба, грчкиот министер за туризам ме извести дека планираат двата гранични премини со Македонија да ги отворат на 14 мај за македонски граѓани, односно граничниот премин во Дојран и Евзони. Но, ќе биде задолжително да се прикаже потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест, истакна Филипче.

Министерот треба да испрати примерок како ќе изгледа сертификатот за вакцинација и листата на овластени лаборатории кои може да издаваат ПЦР тестови.

Оваа ситуација може да се промени доколку дојде до влошување на епидемиолошката состојба во Македонија.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести