6 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Мицкоски ги заборави осудените за 27ми април! Се договори со Заев за клинички и за други закони, а не ги спомена луѓето за кои протестираше

Пред само 10 дена, првиот човек на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов, на осудените за настаните од 27 април им порачување дека не се сами и организираше „Собир за слобода“.

Неполни две недели подоцна, неговиот лидер, луѓето од 27 април не ги спомена во преговорите со Зоран Заев и ги остави сами без да побара фер, законски третман како услов за да ги поддржи сите барања на Премиерот Зоран Заев.

Дали на протестот пред Штипскиот затвор, Пандов си поигрувал со осудените или Мицкоски сам одлучил да се дистанцира е помалку важно, но факт е дека ниту Пандов, ниту некој од повисокото раководство не понуди образложение зошто се молчело за осудените од 27 април.

Единствено Игор Дурловски излезе со енергична реакција за целиот театар.

„Пуштете ги луѓето од затвор и продолжете да си играте држава.“, напиша Дурловски кој беше еден од водачите на движењето „Заедничка Македонија“.

По постот на Дурловски следеа лавина реакции од членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

„СИТЕ БАНДИТИ ДО БАНДИТИ И ВМРО И СДС. ЗА КОМУЊАРИТЕ ЗНАВМЕ АМА ЗА ВМРО НА ЧЕЛО СО МИЦКО, НЕ ИЗНЕВЕРИ“.

„Браво Игоре. Се е игра на политичарите. На зајчето и на мицко. Договараат закони , клинички центри да поделат некое евро, а си играат со човечки судбини. Арам да им е.“

„Таман кажано!“

„Така е брат . Барем за нив да се договорија.“
„Сите се вклопија во предавството, но останаа МАКЕДОНЦИТЕ во зандана…за други веројатни интереси…“

„Се додека не му ја земеме играчката тие нема да престанат да си играат држава“.

„Се повеќе мириса дека ова е само една голема игра. За жал само ние Македонците сме поразени во таа игра..“

Игор Дурловски кој беше носител на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица си поднесе оставка како пратеник веднаш после изборите.

„Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат. Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам, а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас“, напиша тогаш Дурловски.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести