14 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Диџеј Мицко повторно ја смени плочата: Заев веќе не е криминалец и мафијаш, а Мицкоски не е некој со кого што не можело да се постигне договор

Владата и Собранието почнаа да го реализира договорот постигнат помеѓу првите луѓе на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а измените во Законот за попис се веќе во процедура за пролонгирање на целата операција за септември. Со тоа полека се формализира новата коалиција во која христијан Мицкоски станува и формално спаринг партнер на власта.
Иако уште од минатата недела беше познато дека пописот ќе се одложува, Премиерот Зоран Заев доби гума за спасување и го одложи пописот не по своја вина, туку како чин на разумност и широкоградост кон опозицијата.
За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ тој не е веќе аболициран криминалец и мафијаш, туку принципиелен човек кој излегува во пресрет на логичните барања.

Пред два дена Мицкоски покажа дека неговата гордост за неправењето компромиси, била само народната „фали ме усто …“.
Конструктивниот Мицкоски, практично ги прифати сите барања на Зоран Заев.
Иако најголем проблем за Мицкоски беше методологијата за спроведување на пописот, сега таа веќе не е проблем.
Мицкоски лично тврдеше дека со методологијата и лошиот Закон за попис ќе се добијат политички резултати, а после седнувањето во скут на Заев, „фалсификуваните“ резултати веќе не се проблем, доколку наместо во мај, пристигнат во септември.

На Мицкоски порано му пречеше и тоа што Законот за попис се носеше со европско знаменце, а сега европското знаменце на законот одеднаш му станува добредојдено. Принципите кои важеа пред два месеци, не важат сега, а Мицкоски тврдеше дека европското знаменце тогаш беше злоупотребено.

Проектот на Заев за нов клинички центар, исто така беше квалификуван како криминал на деценијата.
Опозицијата жестоко се спротистави од повеќе причини. Прво заради тоа што веќе имаше готов проект изготвен токму од ВМРО-ДПМНЕ, а стопиран од СДСМ и второ, заради тоа што чинеше три пати поскапо од првичниот проект.
ВМРО-ДПМНЕ тогаш го нападна проектот како грабеж и корупција и ветија дека „ниту клинички ќе има, ниту подобри здравствени услови“. Беше одбиена и понудата за надзор на реализацијата.

Кои се причините за ваквите „лупинзи“ и радикалните промени на ставовите на Мицкоски, може само да се претпостави. Нејасно е зошто го промени мислењето и веќе два дена никој од ВМРО-ДПМНЕ не споменува дека проектот нов клинички центар е грабеж. Дали можеби и Мицкоски видел некаква полза од тој грабеж или ја лажел и тогаш јавноста ?
Јавноста е зачудена од новата неформална коалиција, а Левица веднаш се обидува да го материјализира потчинувањето на Мицкоски кон Заев.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести