7 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

48 кривични пријави за 20 дена на подрачјето на Скопје за непочитување на забраната за движење, 19 за групирања

Секторот за внатрешни работи Скопје преку своите надлежни организациски единици до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе вкупно 48 кривични пријави и две известувања против 55 лица, поради постоење основи на сомнение дека сториле 55 кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено и казниво по чл.206 ст.1 од Кривичниот законик. Имено, во периодот од 10.03.2021 до 29.03.2021 година тие се движеле без дозвола за движење за време на забраната за движење од 22.00 до 05.00 часот.

Воедно, за констатирани групирања на лица на јавно место или на домашни прослави, спротивно на донесените мерки, како и групирање во угостителски објекти или задржување во нив по работното време, спротивно на воспоставените протоколи, а кои се констатирани во првото тромесечје од 2021 година, заклучно со 29.03.2021 до Основното јавно обвинителство во Скопје се доставени и вкупно 19 кривични пријави против 45 физички и едно правно лице.

СВР Скопје апелира до граѓаните да се придржуваат до забраните за движење и да ги почитувааат мерките и протоколите донесени од Владата за заштита од ковид-19.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести