11 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Раул Бартоломе: Шпанија нема намера да го признае Косово

Шпанија нема намера да го признае Косово и тоа јасно го порача, шпанскиот амбасадор во Белград Раул Бартоломе, кој смета дека нема намера да се промени таа позиција.

Коментирајќи ги активностите и изјавите на вицепремиерот Артан Груби дека Македонија ќе побара шпанско признавање на Косово, рече дека не е запознаен со таа информација, но и дека нема сознанија дека некој од Европската Унија има акции насочени кон тоа Шпанија да ја промени својата позиција и да го признае Косово како држава.

„Ставот на Шпанија за територијата Косово и понатаму е ист и не се менува, Шпанија не ја признава независноста на Косово и тоа е државна политика“, изјави денеска шпанскиот амбасадор во Белград Раул Бартоломе.

Тој додаде дека Шпанија нема да го промени својот став по прашањето за Косово, само затоа што некоја земја го бара тоа од нив.

Груби од Косово на прашање дали при посетата на Шпанија на 18 март, министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе побара Шпанија да го признае Косово, одговори потврдно.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести