10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Паника во Шведска: Златан се повреди!

Очигледно е дека годините сепак значат нешто. Имено ветеранот Златан Ибрахимовиќ на денешниот тренинг на шведската репрезентација се повредил и го напуштил тренингот по само 15 минути. Ова го јавуваат медиумите во Шведска. Секако дека ова ќе биде голем удар за оваа репрезентација ако се знае дека Златан по долго време се врати во својата репрезентација и доста помогна таа да забележи две победи во двата стартни меча од квалификациите за СП во Катар 2022.

Неговиот настап на утрешниот дуел со Естонија е под голем знак прашалник.

Секако дека ова, ако во прашање е некоја потешка повреда, нема да им се допадне и во неговиот клуб Милано, токму во пресрет на решавашкиот дел од сезоната во Серија А.


sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести