6 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

Мицкоски го поддржа Заев и за промашената вакцинација

По завршувањето на советот за безбедност, Претседателот Пендаровски упати остра порака и критики до владата.

-Државата не смее да дозволи ниту еден граѓанин да не биде примен на болничко лекување. Од министерот Филипче добивме уверување дека такво нешто досега не се лучило ниту ќе се случува отсега, рече Пендаровски.

Во врска со имунизацијата која треба да почне утре Пендаровски побарал надлежните да го организираат процесот во најдобар ред и, како што рече, таа обемна операција да продолжи до целосна имунизација на населенитето. Прекин, нагласи, не смее да има.

-Тоа не го барам само јас, го пренесувам чувството на голем дел македонски граѓани кои не се задоволни од тоа што на тој план го направиме досега. Сликите што ги гледавме изминатиот викенд во Србија тоа најдобро го илустрираат. Вакви слики едноставно не смеат да се повторат. Благодарност до Србија, но, тоа беше срам за нашата држава. Државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира овде, потенцира Пендаровски.

Илија Димовски кој во последно време најжестоко ги застапува и брани ставовите на Мицкоски, веднаш го нападна Претседателот Пендаровски во одбрана на власта.

  • “Пендаровски е спикер на некоја ТВ станица?
    Или Претседател на држава?
    Доста веќе од дрвени приказни.. “- напиша Димовски на Твитер.

Веднаш после Димовски со реакција за изјавата на претседателот Пендаровски излезе и Министерот за здравство Венко Филипче.

Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана. – напиша Министерот Филипче на Фејсбук.

Координираниот напад врз Пендаровски и одбраната на владините политики доаѓа еден ден откако Мицкоски ги прифати барањата на премиерот Зоран Заев.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести