10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Конечно почна судењето за убиството на Џорџ Флојд

Долго најавуваното судење на полицаецот Дерек Шавин, кој учествуваше во апсењето на Џорџ Флојд во мај 2020 година, започна денес во судот во Минеаполис.

Шавин, кој учествуваше во апсењето на Флојд во мај 2020 година и кој е обвинет за убиство од втор степен, се изјасни како невин за смртта на Афроамериканец претходно на судењето.

Пред почетокот на судењето, пријателите и семејството на починатиот Флојд се собраа пред судот, а адвокатот на семејството изјави дека сите минуваат низ тежок период, но дека пристигнале на денешното судење за конечна правда.

По воведните зборови за тоа како би изгледало судењето, обвинителот Џери Блеквел беше првиот кој зборуваше на судењето на поранешниот полицаец.

  • Што значи да се има чест и да се носи полициска значка? Тоа е мал знак кој носи голема одговорност. Ќе докажеме дека на 25 мај 2020 година, Дерек Шавин ја издаде оваа значка и употреби прекумерна сила, кажа Блеквел.

Обвинителот исто така изјави дека во текот на постапката, голем број полицајци ќе бидат повикани да дадат исказ за овој случај, и дека случајни минувачи кои случајно се нашле на местото на злосторството, ќе бидат присутни на судењето.

Во својата прва изјава, адвокатот на Шавин, Ерик Нелсон истакна дека судот мора да биде воден од разумот, а не од емоциите во овој случај.

Исто така, Нелсон рече дека овој случај бара читање на неколку илјади документи. Во воведот, адвокатот посочи дека Шавин ја завршил својата работа во рамките на надлежностите што ги имал.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести