11 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

СЦ „Борис Трајковски“ наскоро ќе биде надвор од употреба!

Салата „Борис Трајковски“ ќе биде центар за вакцинација за Ковид-19. Според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче, токму овој спортски центар ќе биде искористен за таа намена.

Засега не е познат датумот кога салата ќе биде затворена за спортски активности, најверојатно тоа ќе се случи веднаш штом во нашата земја стигне поголема доза на вакцини за Ковид-19. Првите најави се кон средината на април, но…

Во СЦ „Борис Трајковски“ најмногу се играат мечеви од меѓународен карактер, двете ракометни репрезентации (машката и женската) се домаќини токму во оваа сала.

Први кои ќе мораат да бараат решение доколку навистина во нашата земја стигне поголема доза на вакцини се нашите дами, тие на 16/17 април на гости го играат првиот квалификациски меч против Романија за место на СП во Шпанија 2021, реваншот во Скопје се игра на 20/21 април.

Кон крајот на април (28), Кирил Лазаров и соиграчите гостуваат на Финска, по пто на домашен терен (2. мај) ја пречекуваат Швајцарија во последниот квалифицкациски меч за ЕП 2021 година.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести