Здравствениот систем во катастрофална сосотојба, по неколку десеттина умираат секој ден од корона, лекови нема, болнички кревети нема, лекари и воопшто медицински персонал нема.
Секако нема ниту вакцини, ниту е вакциниран медицинскиот персонал, ниту е доволна оваа количина од Ковакс механизмот, која и доцни.
Граѓаните ја преплавија Србија за да се вакцинираат.
Филипче и Заев за ова не се интересираат.
Зошто би се интерсирале?!
Филипче и Заев си возат мотори, се релаксираат.
Власта се релаксира, граѓаните се борат за живот.
Ова е Македонија водена од Заев.
На ваквото однесување мора да му се стави крај! За сета оваа негрижа за граѓаните и катастрофата во која е здравствениот систем, Заев и Филипче ќе одговараат!