6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ПРСТ ПРЕД ОКО НЕ СЕ ГЛЕДА: Пекинг повторно погоден од песочна бура

Главниот град на Кина, Пекинг, осамна утрово покриен со песок со многу опасни честички донесени од пустинска бура од Монголија и северозападна Кина.

Властите во Пекинг потврдија дека песочната бура донела голема количина опасни честички познати како ПМ10, кои продираат низ органите за дишење и ПМ 2,5 честички, кои исто така можат да навлезат во крвотокот, објави Ројтерс.

Видливоста во Пекинг е намалена, врвовите на некои облакодери не се видливи поради облаци од песок, а пешаците ги покриваат очите обидувајќи се да го пробијат низ песокот и прашината.

Кинеската метеоролошка служба издаде жолт метеоролошки аларм во петокот, предупредувајќи на доаѓањето на песочна бура од Монголија.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести