8 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Небото вечерва ќе биде осветлено од прекрасната полна Месечина

Небото вечерва ќе биде осветлено од прекрасната полна Месечина во Вага.

Таа ни носи одговор на прашањата за промените кои сакаме да ги видиме околу нас, но кои зависат од самите нас.

Вагата е знак на баланс и партнерства и оваа полна Месечина ни помага во тоа. Сега е време да се поврземе со другите, да се отвориме и да уживаме во пријателствата. Вагата го сака и мирот и таа исцелува и носи промени на подобро. Немојте да бидете изненадени ако некои проблеми од претходно излезат на површина, но само со цел да бидат решни овој викенд. Време е за компромиси и за тоа дека најдобро е кога ја споделуваме среќата со другите околу нас, кога се развиваме и растеме со нив.

За некои од нас, таа носи и одредница во нашите врски и односи со другите луѓе. Време е да видиме какви вредности носиме во себе и какви односи и начини на соработка сакаме да изградиме со другите.

Ако уште го барате својот дел од сложувалката, без оглед на тоа дали станува збор за љубовта или кариерата, ова се совршени мигови за тоа. Вагата носи баланс, но и поврзување со спротивностите. Ако се чувствувате дека сте заглавени во нешто, немојте да мислите дека тоа ќе трае засекогаш. Побарајте совет од пријателите или од некоја нова личност во вашиот живот и посветете се на решавање на она што ве мачи, најдете го својот баланс.

Ова е и одличен период да не бидете лути и бесни, туку и да најдете соодветен мирен начин да ги решите проблемите со другите. Што е тоа што создава проблем со другите и како можеме од наша перспектива да го решиме тоа и да се издигнеме над таквата ситуација.

Балансот доаѓа, но време е да покажеме дека сме подготвени за тоа.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести