10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Најнестабилниот вулкан во Индонезија денес повторно избувна и испушти колони чад, пепел и лава по падините на планината Мерапи

Најнестабилниот вулкан во Индонезија денес повторно избувна и испушти колони чад, пепел и лава по падините на планината Мерапи.

  • Подножјето на планината беше покриено со „дожд“ од камења рано утрово, а небото беше покриено со облаци чад и пепел кои се искачија на 200 метри во атмосферата, изјави шефот на индонезиската агенција за геологија и вулкански активности , Ханик Хумаида, објави АП.

Вулканот, висок скоро 3.000 метри, се наоѓа на густо населениот остров Јава и е најактивен од десетина индонезиски вулкани.

Индонезискиот архипелаг, населен со околу 270 милиони луѓе, се наоѓа во огнениот круг во Пацификот, земјотресна зона со активни вулкани.

Во последната голема ерупција на вулканот Мерапи во 2010 година загинаа 347 лица.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести