8 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Многумина не се согласуваат: Принцот Вилијам прогласен за најсекси маж во светот

Британскиот принц Вилијам е прогласен за најсексапилен ќелав маж на светот.

И луѓето на интернет не се задоволни за победникот.

Принцот Вилијам ја доби титулата според изборот на британскиот таблоид „Сан“, кој се водеше од следната логика во тоа истражување – анализирале написи и пребарувања на Гугл и ги барале оние што го содржеле клучниот збор „секси“.

Така, тие дојдоа до резултатот дека принцот Вилијам покрај тој збор се појавува во 17,6 милиони такви записи. Истражувањето е иницирано од хируршката група наречена „Лонгевита“, која се занимава, малку иронично, со трансплантација на коса.

Освен принцот Вилијам, во топ пет најсексапилни ќелави мажи на светот се најдоа, по овој редослед, Мајк Тајсон, Џејсон Статам, Питбул и Мајкл Џордан. Во топ 10 се и Флојд Мејведер, Џон Траволта, Брус Вилис, Двејн Џонсон и Вин Дизел.

Меѓутоа, екипата на социјалните мрежи веднаш го изрази своето незадоволство од овој избор.

„Стенли Тучи, ќе ти се одмаздиме“, напишаа бројни твитерџии убедени дека оваа титула требаше да му биде доделена на актерот Стенли Тучи, ѕвездата на филмот „Ѓаволот носи Прада“.

Некои дури напишале и списоци на мажи кои се посексапилни од принцот Вилијам, а ова се само некои од реакциите на изборот.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести