14 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ШЕРОН СТОУН ОТКРИ ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ ОД МЛАДОСТА: Дедо ми сексуално ме злоставуваше, мајка ми не ми дозволуваше да зборувам за тоа..

Шерон Стоун напиша книга со мемоари „The Beauty Of Living Twice“, во која тврди дека нејзината сестра Кели и таа биле сексуално злоставувани од нивниот дедо кога биле девојчиња, пишува Њујорк Тајмс.

Актерката за NYT изјави дека нејзината мајка Дороти не сака таа и нејзината сестра да зборуваат јавно за злоставувањето.

“Кели и јас разговаравме со мајка ми за тоа, и таа ми напиша писмо по разговорот во кое вели дека е многу збунета. Беше згрозена од откритието. Сепак, по разговорот со сестра ми, таа започна да прифаќа дека тоа навистина се случило. “, вели Шерон.

“Мајка ми се согласи отворено да разговара со мене за сè кога ѝ прочитав делови од моите мемоари. Таа беше со мене неколку дена кога се опоравував од грипот, легна покрај мене во кревет додека ја завршував книгата. По отворен разговор кој траеше час и половина преработив некои делови од книгата што потоа ѝ ги посветив неа“, вели актерката.

Стоун вели дека решила да ги напише мемоарите по мозочниот удар што го претрпела.

„Пишувањето беше ослободувачко искуство“, рече таа.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести