11 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Фудбалскиот клуб Евертон доби дозвола од британската влада за изградба на нов стадион (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Евертон доби дозвола од британската влада за изградба на нов стадион на северот на Ливерпул.

Стадионот, гледајќи ги плановите, ќе изгледа фасцинантно и ќе се гради веднаш до реката Мерси.

Евертон ја бараше локацијата повеќе од 25 години, бидејќи Гудисон Парк не е погоден за реконструкцијата, односно проширувањето на капацитетот, што во моментов е 52.000 места.

Проектот вреди половина милијарда фунти и повеќе од десет илјади работници ќе работат на него, во фази.

Според наводите, тој ќе биде најмодерниот стадион во Англија.

Инаку, Евертон игра на Гудисон Парк од 1892 година.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести