6 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ТАЖНА ВЕСТ: Загубивме уште една македонска легенда – ПОЧИНА ЗАФИР ХАЏИМАНОВ

Почина познатиот македонски пејач, композитор, глумец и поет Зафир Хаџиманов. Српските медиуми јавуваат дека починал како последица од коронавирус.

Хаџиманов е роден во 1943 година во Кавадарци. Завршил гимназија и музичка школа во Скопје. Во 1967 година дипломирал глума во Белград, откако претходно запишал фармацевтска школа.

Зад себе Хаџиманов оставил 5.000 записи од македонски изворни песни. Речиси целиот живот го минува во Белград.

Хаџиманов ги испеал познатите „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“. Во 2007 година бил промовиран за почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.

Глумел во неколку филмови меѓу кои и Македонска крвава свадба. Учествувал на многу фестивали во поранешна Југославија.

Има син Васил Хаџиманов кој е познат џез музичар. Беше во брак со познатата Сенка Велетанлиќ, српска пејачка и актерка.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести