14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

СТРАШЕВСКИ: Мицкоски да си поднесе оставка – ВРЕМЕ Е ЗА ВРАЌАЊЕ НА СИЛНО И ОБЕДИНЕТО ВМРО-ДПМНЕ

Адвокатот Јовица Страшевски, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен функционер, се обрати на Фејсбук, како што вели во интерес на членовите на ВМРО ДПМНЕ и во интерес на сите граѓани, а потикнат од изјавите на Христијан Мицкоски.

Го пренесуваме во целост неговото обраќање:

“ВЛАСТА ИМА ПЛАН ЗА ЖИВОТ, МИЦКОСКИ ГО ИЗБРА ЖИВОТОТ
( двете опции се на штета на Македонскиот народ, граѓаните на Македонија и Македонија)

ВРЕМЕ Е ЗА ТВОЈА ОСТАВКА Мицкоски

ВРЕМЕ Е ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ, ОБНОВА И ПОВТОРНО ВРАЌАЊЕ НА СИЛНО, ОБЕДИНЕТО, НЕПОБЕДЛИВО, НЕПОКОРНО ВМРО ДПМНЕ

МИЦКОСКИ НЕ САМО ШТО ПОВТОРНО САМ СЕ ЛАЖЕ, СЕ ОБИДУВА И МИСЛИ ДЕКА МОЖЕ ПОВТОРНО ДА ГО ЛАЖЕ И ЧЛЕНСТВОТО НА ВМРО ДПМНЕ, ЦЕЛАТА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ И ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
ЗАТВОРЕН, МАЃЕПСАН ВО ШТАБСКОТО ДЕЛУВАЊЕ ВО ЛУКСУЗОТ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА.

Денес бара ‘влакно во јајцето утре јајце во влакното’

Денес со став за имунизација на попишувачите, утре ќе бара имунизација на избирачки одбори, имунизација на гласачите, имунизација на ДИК и се така само за да избега и се соочи со реалноста и со неговата неспособност за решавање на државните прашања во Република Македонија и недостигот на храброст и идеи,одработувајќи за Зоран Заев и власта, правејќи си сам престави во кои и тој не верува, а само одработува.

Наместо сега кога власта е на колена со сите нејзини неспособности да излезеш и да повикаш на:
-масовни протести и рушење на ненародната власт на Заев и СДСМ
-да го спречиш бришењето на Македонската историја, Македонската нација
-веднаш да го напуштиш Парламентот, советите на општините
да се блокира работата на институциите и системот
-ВМРО ДПМНЕ веднаш да формира влада без СДСМ

Ти Мицкоски се радуваш како мало дете на две министерски места и ти е чест што ќе бидеш власт со твојот шеф Заев!” – Пишува Страшевски на Фејсбук.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести