13 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

СКАНДАЛОТ СЕУШТЕ ГО ТРЕСЕ ХОЛИВУД: Бритни се откажува од својот татко

Пејачката Бритни Спирс повеќе не го сака својот татко Џејми Спирс како старател, па по 13 години како што нејзиниот татко управуваше со нејзиниот живот, таа поднесе тужба во Лос Анџелес за нејзиниот ментор Џоди Монтгомери да ја преземе улогата.

Рочиштето за старателството на Бритни ќе се одржи на 27 април годинава, а потоа ќе се одлучи дали Џоди ќе биде таа што ќе одговара за неа.

Поради лошата ментална состојба, Бритни Спирс е под грижа на нејзиниот татко од 2008 година, кога доживеа нервен слом, што значи дека тој управува со нејзиниот живот, финансии и кариера повеќе од една деценија.

Според странските медиуми, Бритни доставила документи во кои сака нејзиниот татко да се отстрани од функцијата главен старател, за Џоди да ја преземе таа улога и да биде одговорен за нејзините одлуки и да ѝ помогне да ја продолжи кариерата.

Доколку менторот ја добие оваа улога, Џејми сепак ќе остане на позицијата на друг конзерватор кој заедно со „Bessemer Trust“ ќе се грижеше за нејзините деловни и финансиски прашања.

Инаку, во септември 2019 година, Џоди беше привремен чувар на Бритни Спирс, бидејќи нејзиниот татко имаше здравствени проблеми во тој период.

Да потсетиме, фановите на Бритни Спирс претходно започнаа акција на социјалните мрежи под хаштагот FreeBritney, што се залага пејачката конечно да започне да управува со сопствениот живот.

  • Овие теоретичари на заговор немаат идеја. Судот во Калифорнија ќе одлучи што е најдобро за мојата ќерка. Моја должност е да го пријавам на суд секој потрошен долар. Како, по ѓаволите, би можел да украдам нешто? Луѓето ми се закануваат со смрт, не сакам такви фанови. Ја сакам ќерка ми и моите деца – изјави Џејми Спирс во интервју за „Page Six“.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести