6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Најмалку 32 лица загинаа, а 165 се повредени во судир на два воза северно од градот Сохаг во Египет (ФОТО)

Најмалку 32 лица загинаа, а 165 се повредени во судир на два воза северно од градот Сохаг во Египет, соопшти Министерството за здравство.

Судирот се случил кога возовите минувале над канал со вода.

Повеќе од 100 амбуланти се испратени на местото на настанот, рече министерот за здравство Хала Зајед, додавајќи дека повредените се префрлени во четири болници.
Два авиони со 52 лекари, главно хирурзи, пристигнаа во провинцијата Сохаг, додека најтешко повредените патници ќе бидат испратени во Каиро со воен авион.

Се испитува причината за несреќата, а главниот обвинител Хамад ел-Сави го посети местото на несреќата. Премиерот Мустафа Мадбули пред новинарите изјави дека пругата со години е запоставена во толкава мера што стана застарена и крајно ризична.

  • Потрошивме милијарди за да ја подобриме железничката пруга, но ни претстои долг пат да ја завршиме целата неопходна работа, рече тој.

Владата ќе плати 6.400 американски долари како компензација за секое семејство што го изгуби својот член, додека повредените патници ќе добијат од 1.280 до 2.560 американски долари, во зависност од тежината на повредата.

Ројтерс наведува дека Египет има една од најстарите и најголемите железнички мрежи во регионот и дека несреќите во кои има жртви се чести.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести