8 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Кинеските власти денес ги информираа дипломатите за истражувањето за потеклото на COVID-19

Кинеските власти денес ги информираа дипломатите за истражувањето за потеклото на COVID-19, пред објавувањето на долгоочекуваниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО).

АП проценува дека денешниот брифинг е обид на Кина да го потенцира својот став кон извештајот, што предизвика дипломатски пресметки.

Член на кинескиот тим и заменик директор на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, Фенг Зиџијан, рече дека експертите испитале четири можни начини на кои вирусот стигнал до Вухан.

Можностите се дека лилјак заразил човек или цицач од кој вирусот се пренел на човекот, дека се пренесувал преку замрзната храна или потекнува од лабораторија во Вухан.

По детална дискусија, експертите заклучија дека најверојатен начин за пренесување на вирусот е преку животно или евентуално преку замрзната храна.

Фенг посочи дека е малку веројатно дека вирусот потекнувал од лабораторијата.
Соединетите држави покренаа прашања во врска со кинеското влијание и независноста на наодите, а Кина ги обвини критичарите за политизација на научната студија.

  • Нашата намера е да ја покажеме нашата отвореност и транспарентност, рече официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи Јанг Тао.

Тој посочи дека Кина се борела против епидемијата на транспарентен начин и дека нема што да крие.

Извештајот, чие објавување беше одложено неколку пати, се заснова на престојот на меѓународните експерти на СЗО во Вухан, каде за првпат беа пријавени инфекции со новиот вирус на корона кон крајот на 2019 година.

Експертите на СЗО работеа со кинески колеги во јануари и февруари и двете страни мора да се договорат за конечниот извештај.

На брифингот во кинеското Министерство за надворешни работи присуствуваа дипломатски претставници на 50 земји и на Лигата на арапските држави и Африканската унија, објави државната телевизија CCTV.

  • Кина жестоко се спротивставува на обидите на некои земји да го исполитизираат прашањето за потеклото на вирусот и да изнесат неосновани обвинувања против Кина, се вели во соопштението на Министерството.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунијунг изјави дека истражувањето за потеклото на вирусот е научно прашање за кое стручњаците треба да соработуваат.

Таа пред новинарите изјави дека експертите сè уште разговараат за содржината и преводот на извештајот, но не прецизираше кога ќе биде објавен.

На прес-конференција подоцна вчера во Женева, експертот на СЗО Питер Бен Ембарек, кој предводеше меѓународен тим експерти во Кина, рече дека извештајот на скоро 400 страници е завршен и дека во тек се проверки на фактите и преводот.

  • Очекувам дека во следните неколку дена, целиот процес ќе биде завршен и ќе можеме да го објавиме, рече Бен Ембарек.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести