11 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Браќата принцови сепак ќе се помират !?

По телевизиското емитување на „интервјуто на деценијата“ во кое принцот Хари и Меган Маркл ѝ ги презентираа „валканите алишта“ на водителката Опра за кралското семејство, не се смируваат тензиите меѓу Хари и неговиот брат принцот Вилијам – но дали тоа ќе се промени?

Имено, извори блиски до Вилијам велат дека неговите рани околу заминувањето на Хари и Меган се уште се свежи, и покрај тоа што помина околу една година откако двојката отиде во Калифорнија, и дека многу му недостасува неговиот брат.

Според странските медиуми, разговорот помеѓу двајцата браќа по интервјуто бил „непродуктивен“, но експертот за говор на тело Џуди Џејмс вели дека 38-годишниот Вилијам покажува знаци на љубов кон неговиот брат.

Џејмс рече дека изразот на лицето на Вилијам бил благ кога на 11 март со неговата сопруга Кејт Мидлтон (39) посетил училиште во Лондон.

  • Принцот Вилијам „сè уште сака да се смири со Хари, вели таа.

Извор близок до Вилијам изјави за странските медиуми дека откако чувството на лутина преминало над него, сфатил дека му недостасува брат му.

  • Тие споделуваа сè во нивните животи, канцеларијата, состаноците, се забавуваа заедно, рекол изворот.

Сепак, пријател на принцот Вилијам открива дека тој сепак се надева дека неговиот однос со братот во одреден момент ќе се подобри, и покрај фактот дека тој му е лут на Хари од порано, а особено со последните коментари во кои тој и Меган го обвинија семејството за расизам.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести