10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ФАНОВИТЕ ШОКИРАНИ: Џесика Алба ја завршува кариерата поради влошено здравје !?

Џесика Алба (39), поранешна актерка, а денес основач на „The Honest Company“, сè уште е запаметена во јавноста по бројните филмски и телевизиски улоги. Актерскиот свет го напушти во 2008 година, кога го роди своето прво дете, но никогаш не проговори јавно за крајот на нејзината кариера. Причината за напуштањето на јавниот живот беше нејзиното здравје.

  • Мајка ми имаше рак на многу рана возраст, а многу жени во моето семејство имаа разни видови на рак, од кои ниту еден не беше генетски, рече таа, додавајќи дека пораснала со голем број хронични болести и имала пет операции 11 пред години, страдала од хронични алергии и беше хоспитализирана многу пати како дете.

Кога го роди своето прво дете, девојче по име Хонор (Чест), во 2008 година, таа сфати колку е важно здравјето за нејзината кариера. Таа го доживеа, вели таа, оној момент кога ќе се чувствуваш како да сакаш да живееш и да поминеш што повеќе време со таа мала личност што ќе ја донесеш на светот.

  • Значи, здравјето беше важно за мене, а исто така сакав таа мала личност да биде здрава, бидејќи навистина е тешко да се биде среќен кога немате здравје. Тоа беше мојата вистинска мотивација, а не прашањето „Дали некогаш ќе се вработам повторно?“. Искрено, бев на врвот на мојата кариера, рече Џесика.

Откако се роди Хонор, сфати дека не може само да се врати на она што го правеше. Таа се стремеше кон семеен живот како што живее и денес.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести