7 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Дете пројде 1300 километри и стигна во Белград поради Роналдо, но доживеа разочарување

Фудбалската репрезентација на Португалија, синоќа стигна во Белград каде што утре ја очекува дуел со Србија во рамките од квалификациите за пласман на Мундијалот. Беше тоа прилика на љубителите на Кристијано Роналдо да го видат својот фудбалер. Едно дете мина голем пат поради него, но остана разочаран.

Роналдо и Португалија и на аеродромот беа пречекани од новинари, и од една група навивачи, како и дете кое ја чекаше ѕвездата на европскиот првак.

„Кристијано, минав 1300 километри за да добијам автограм. Борис“, држеше детето транспаренд додека неговиот татко го носеше на рамења за да биде уште повидлив.

Но, остана разочаран затоа што целата делегација на гостите по слетувањето влезе во автобус и веднаш се упати кон хотелот.

Уште една причина што не успеа да го види својот идол е тоа што имаше огромно обезбедување кое не дозволуваше никому да пријдат на играчите.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести