6 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

236 санкционирани во Скопје, 35 за брзо возење, 31 за некористење сигурносен појас

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35, 12 санкции за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и  нерегистрирани возила.

Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон, 41 санкција што ја чинат пешаците, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 31 за некористење сигурносен појас и 45 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести