5 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

СТРАШНО: Третина од новозаболените во Австрија се помлади од 25 години

Во Австрија, новиот сој на коронавирус се повеќе ги погодува помладите луѓе. Една третина од новоинфицираните лица се под 25 години.

Од вкупно 21.880 Австријци кои се заразиле со коронавирус минатата недела, скоро 30 проценти се на возраст под 25 години.

Уделот на деца под петгодишна возраст е 2,6 проценти, а деца од пет до 14 години 11,5 проценти, додека учеството на млади од 15 до 24 години е дури 15,3 проценти..

Уделот на лица на возраст меѓу 25 и 34 години е ист.

Поголемо учество има меѓу 35 и 44 години, што е 16,3 проценти, како и помеѓу 45 и 54 години (16,1 процент).

Интересно е што учеството на старите лица е многу помало.

Така, кај луѓето на возраст од 65-74 години, учеството на пациентите е само 5,4 проценти, а кај постарите од 85 години, само 1,4 проценти.

Ова покажува дека старите лица се заштитени со вакцинацијата, но затоа вирусот сега се шири меѓу помладите.

Просечната возраст во единиците за интензивна нега падна на 56 години, а во ноември беше 64 години.

Поради фактот што пациентите со Ковид стануваат помлади, има пад на смртноста.

Сепак, во исто време, третманот на пациенти на интензивна нега сега е подолг и пациентите повеќе време поминуваат во болнички кревет.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести