7 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Прекин на програмата за време на гостувањето на Димитар Апасиев на „Само вистина“ на Канал 5

На последната анкета на Телма и МЦМС, објавена на 28 декември минатата година, за првпат во историјата на Македонија претседател на ВМРО-ДПМНЕ е трет политичар во однос на рејтингот кој го ужива меѓу граѓаните. Според анкетата Апасиев со рејтинг од 29.7% го претрка Мицкоски со 28.3%. Ако се има предвид дека рејтингот на Апасиев е во нагорен тренд, а Мицкоски е убедливо прв со негативен рејтинг, претпоставката е дека оваа разлика денес е уште поголема.

Политичката незрелост, немањето став и катастрофалните грешки на Мицкоски, освен што му носат континуирани порази на ВМРО-ДПМНЕ, се чини дека водат и кон губење на улогата лидер на опозицијата. После вчерашната дебата на Апасиев, впечаток во јавноста е дека тој веќе ја превзема од Мицкоски и улогата на лидер на опозицијата. Со такво мислење е и професорката Билјана Ванковска која на претседателските избори го поддржа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска.

Во однос на претстојните локални избори тој истакна дека очекува зголемување на бројот на гласови на Левица, а приоритет ќе бидата Советите во општините. За следните парламентарни избори нема да може да се формира Влада без поддршка на пратениците од Левица. Покрај веќе превземените од Мицкоски, рејтинг и улогата лидер на опозицијата, Апасиев објави дека голем број членови на други партии дури и цели Општински Комитети го контактираат и бараат да преминат во партијата Левица пред претстојните локални избори. Токму во тоа незадоволство на граѓаните и од власта, но и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Апасиев ги темели очекувањата за зголемен број на гласови на Левица на следните избори.

Покрај критиките до власта тој не ја поштеди ниту опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи ги дека се во неформална коалиција со власта. Апасиев отворено рече дека доколку ВМРО-ДПМНЕ искрено се бори против ваков попис таа треба да повика на бојкот и со тоа за 24 часа ќе му се стави крај на пописот предвиден за април.

Во однос на предлогот на Заев за широка влада, и контрапредлогот на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада објавен вчера од поранешниот пратеник Илија Димовски, Апасиев отфрли било каква можност за учество на Левица во таква влада, истакнувајќи дека со тоа ќе се официјализира широката коалиција на двете буржоазски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително за предлогот на Илија Димовски за техничка влада, рече дека Левица е против, од причини што на Македонија и е потребна политичка влада бидејќи така се носи одговорност.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести