14 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Омилената песна на Новак Ѓоковиќ (видео)

Песна што ги обединува Црна Гора, Србија, Косово, а сега и Новак Џоковиќ

Кога Слободан Шаренац го праша Новак Џоковиќ, која му е омилена народна песна, тенисерот одговори: “Veseli se srpski rode, srpski rode zbog slobode…”

Новак ја отпеа оваа песна кога славеше успех поради своето место на WTA -листата, а еве неколку интересни работи за споменатата песна.

Песната “Veseli se srpski rode” е изведена од црногорска попадија, Даница Црногорчевиќ, која има само 25 години и за неа се вели дека е најмоќниот глас во Црна Гора.

Текстот и музиката ги напишал свештеник, нејзиниот сопруг Иван, а тој за медиумите раскажа како настанала песната:

“Додека чекав Даница и нашата ќерка Касија да се подготват за да излеземе во прошетка, застанав во ходникот и правев некоја музика со прстите по ѕидот. Ја прашав Даница дали има некоја песна со тој ритам и ми рече дека нема. Во главата секогаш ми се вртеа зборовите “Veseli se srpski rode zbog slobode…” Кога настана песната не ни стануваше сбор за литии, а кога почнаа литиите во Црна Гора, песната се наметна како химна…, ” раскажа свештеникот.

Патем, овој млад брачен пар има три деца и живее во Црна Гора.

Даница, родена Никиќ, е пејачка на етно и духовна музика и дипломиран историчар на уметност.

Нејзината песна Весели се српски народе, која е објавена на Видовден 2020 година, стана неофицијална химна и симбол на протест против режимот на Мило Џукановиќ во Црна Гора.

Од 2018 година е во брак со свештеник на Српската православна црква, ѓаконот Иван Црногорчевиќ, со кого има три деца. Завршила Факултет за историја на уметност со просек 10 и се здобила со титула специјалист по историја на уметност.

Настапувала на бројни фестивали на духовна и етно музика низ цела Европа. Првиот соло албум на духовна музика насловен Господ дојде со 11 песни, беше објавен во 2018 година со поддршка и благослов на манастирот Острог.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести