6 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ОД ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА – ПАДНАА ДВЕ ОРГАНИЗИРАНИ КРИМИНАЛНИ ГРУПИ КОИ БИЛЕ СТРАВ И ТРЕПЕТ ВО СКОПЈЕ

Ексклузивно дознаваме дека во акцијата која сеуште трае, досега се уапсени повеќе од 20 лица, а неколку се недостапни на прогонот. Лицата се теретат дека се припадници на две криминални групи, едната од скопското село Грчец, и другата од Гази Баба.

Запленети се поголемо количество на пари, автомобили, но и големо количество на дрога. Според неофицијални информации дел од истрагата се и фирми кои переле пари за криминалните групи.

Акцијата ја спроведува обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со МВР.

Според неофицијални информации до кои дојде медиа.мк припадниците на двете групи, кои често делувале како една, подолг период внесувале немир кај граѓаните во Скопје, но и пошироко.

Според нашиот извор истите се товарат за најсериозни кривични дела како трговија со дрога.

Наскоро повеќе информации.

Медиа.мк прва ексклузивно објави за акцијата која го разбуди Скопје.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести