6 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

БИЛ ГЕЈТС ОТКРИ КОГА ЌЕ ЗАВРШИ ПАНДЕМИЈАТА – Еве што е клучно

Светот треба да се врати во нормала до крајот на 2022 година, благодарение на вакцините против ковид-19, изјави американскиот милијардер и ко-основач на Мајкрософт, Бил Гејтс

„Ова е неверојатна трагедија“, рече Гејтс во интервју за полскиот весник “Gazeta Viborča” и телевизијата TVN24, додавајќи дека единствената добра вест е пристап до вакцините.

„До крајот на 2022 година, во основа, би требало целосно да се вратиме во нормала“, рече Гејтс.

Бил Гејтс, милијардер кој се повлече од функцијата претседател на „Мајкрософт“ во 2014 година, преку неговата филантропска „Фондација Бил и Мелинда Гејтс“, инвестираше најмалку 1,75 милијарди долари во глобалниот одговор на пандемијата ковид-19.

Ова вклучува поддршка за некои производители на вакцини, дијагностика и потенцијални третмани.

Платформата Ковакс, со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО) и Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ), има за цел да обезбеди две милијарди дози вакцини за земјите со пониски примања до крајот на 2021 година, пренесува Ројтерс.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести