9 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Шерон Стоун ги изгуби најблиските од Ковид-19, а денес прими вакцина (фото)

Холивудската ѕвезда Шерон Стоун ја прими првата доза на вакцината против ковид-19.

Актерката се пофали и со објава на Инстаграм.

„Ја примив првата доза. Не беше тешко да дојдам на ред“, напишала Шерон покрај фотографијата на која ја прима вакцината.

Меѓу коментарите се издвојува оној на актерката Енди Мекдауел. „Браво за тебе! Одвај чекам да го добијам својата“, напишала таа.

Шерон минатата година ги изгуби бабата и кумата, кои починаа од коронавирусот, а нејзината сестра и зет беа во тешка состојба и се бореа за живот.

„Мојата сестра Кели, која има автоимуна болест, сега има и коронавирус. Виновни се некои од вас кои не носат маска. Таа нема имунолошки систем, а одеше единствено во аптека во аптека. Во областа каде што живее нема тестирања освен ако има симптоми, а резултатот од тестирањето се чека пет дена. Носете маски! Ве молам, за себе и за другите“, рече тогаш Шерон.

Кели и нејзиниот сопруг закрепнале во меѓувреме, а Шерон со вакцинирањето им се придружи на познатите колеги кои исто така ја примија првата доза. Џејн Фонда, Шон Пен, Стив Мартин, Јан Мекелен и Арнолд Шварценегер се само некои од нив.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести