10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

СТРАШНО: Имаме рекорден број на хоспитализирани лица дури 1461 за една недела

Според податоците од неделниот извештај, имаме рекорден број на хоспитализирани лица, дури 1461.

Имаме зголемување на бројот на активни случаи, и зголемување на бројот на хоспитализирани лица. Процентот на позитивни од тестирани се приближува до 30%. 7-дневниот просек на новозаразени покажува пораст.

Вчера практично се проби ноемврискиот рекорд на хоспитализирани лица. Бројката од 1461 лице ги вклучува и приватните болници (податокот е од неделниот извештај на ИЈЗ).

Според последниот извештај на ИЈЗ, целата територија на Македонија сега се наоѓа во фаза 4 – широко распространета трансмисија во заедницата, подниво 3, со умерени капацитети за одговор.

Експоненцијален пораст забележуваме во Македонски Брод, Кичево, Виница, Дебар, Радовиш, Делчево, Валандово, Свети Николе, Пробиштип, Велес, Битола, Штип и Берово.

Во главниот град е многу сериозно. Бројот на случаи во Скопје се очекува да се удвои во следните 22 дена.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести