10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Орландо се пожали: Немаме редовен се*с со Кети Пери (видео)

Актерот Орландо Блум и неговата сопруга Кети Пери минатата година станаа родители на Дејзи Дејв, а тој раскажа колку како пар ја чувале интимноста.

Блум неодамна даде интервју за „Guardian“, и отворено го прашаа каков сексуален живот има со Кети. Актерот дури призна дека му недостига сексот, но тој покажува и разбирање, имајќи предвид дека тие се нови родители.

  • Немаме доволно секс, но сепак само што добивме бебе, вели Орландо.

Пејачката и нејзиниот сопруг неодамна беа фотографирани на Хаваи, каде ги фатија папараците за време на престојот на плажа со пријателите и наследничката што ја чуваа на смени. Пери како „свежа“ мајка беше фотографирана со вишок килограми, а она што најмногу било забележано е дека парот ужива во семејството.

Да потсетиме, јавноста за бременоста на Кети Пери дозна во нејзиниот спот за песната „Never Worn White“, каде при крајот беше забележан нејзиниот труднички стомак.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести