10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

КОМИСИЈАТА НА МРТ ОДЛУЧИ: ВАСИЛ ГАРВАНЛИЕВ ОСТАНУВА МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИК НА ЕВРОВИЗИЈА

Комисијата за утврдување одговорност во ЈРП Македонска радио телевизија, по реакциите на јавноста предизвикани пред сè од видео спотот на годинашниот македонски претставник за Избор на песна на Евровизија како и изјавите на претставникот Васил Гарванлиев (арх. 03 -1275/2 од 16.03.2021), по добиеното Известување од работната група која што работи на проектот ЕВРОСОНГ 2021 (арх. 03 -1275/5 од 19.03.2021), на ден 19.3.2021 одржа состанок.

На него, по детално разгледување на Извештајот и пропратната документација, кој што хронолошки ги појаснува случувањата во врска со учеството на МРТ на Евровизискиот натпревар 2020/ 2021, утврди дека:

– МРТ во целост ги испочитувала и интерните постапки и процедурите при апликацијата во ЕБУ.

– Одлуката за избор на Васил Гарванлиев за македонски претставник на Евросонг 2020 (арх.бр 02-361/4) била по пат на интерна селекција, според моделот – еден претставник / една песна, како резултат на препораките и сугестиите од дебатата организирана од МРТ, на која учествувале композитори, пејачи, новинари, автори итн. Бил упатен Јавен повик до авторите од земјава и од странство, на кој од пристигнатите понуди се избрала песната со која Гарванлиев беше одреден за претставник на Евросонг 2020 во Ротердам.

– За целата постапка, јавноста била информирана преку програмските сервиси и интернет-страницата на МРТ.

– Поради прогласената пандемија од Ковид-19, Евросонг 2020 бил откажан од страна на организаторот ЕБУ.

– По Програмскиот интерес за учество и оваа година (арх.бр. 14-4042), МРТ повторно аплицирала, избирајќи го истиот пејач за свој претставник на Евросонг 2021, по примерот на 24 земји-учеснички коишто исто така се определиле да ги испратат истите претставници. Заради континуитет во работата, истата работна група била задолжена да упати нов Јавен повик до авторите од земјата и од странство. Од пристигнатите песни, музички новинари од МРТ и самиот пејач се усогласиле дека песната “Here I stand” би била најсоодветен избор за композиција којашто ќе ја претставува МРТ на Евросонг 2021. За оваа одлука (арх.бр 02-236/2) и за сите други решенија, јавноста била информирана преку соопштенија.

– „Случај“ во јавноста настанал по објавувањето на спотот, поради два кадра коишто биле протолкувани како спорни. Според извештајот на работната група, станува збор за поинаква перцепција, поради која уметничкото дело на Жанета Вангели коешто се наоѓало во тие два кадра, предизвикало асоцијација на знаме на туѓа држава. По реакциите од јавноста, спотот бил повлечен и преработен. Тоа значи дека работната група веднаш реагирала и на таков начин спречила дополнително нарушување на кредибилитетот на МРТ.

– Во врска со вториот контроверзен момент, изјавите на Гарванлиев дека имал двојно државјанство, работната група посочува дека станува збор за дел од интервју дадено пред повеќе од една година коешто сега добило публицитет, дека согласно со правилата на ЕБУ – Јавниот сервис нема право да дискредитира никого по основа на верски, национални или други определби и дека има целосна слобода да одреди за претставник пејач независно од неговото државјанство. Праксата покажала дека речиси на секој Евросонг има такви случаи.

– Изборот, Васил Гарванлиев да биде претставник на Евросонг 2021 е резултат на континуитет во изборот за претставник на оваа престижна манифестација, минатата година за што е организирана дебата , на која учествувале композитори, пејачи, новинари, автори итн. За сите одлуки, јавноста била информирана преку соопштенија.

– Комисијата обрна посебно внимание и го цени укажувањето на шефицата на делегацијата во извештајот дека евентуалното откажување од настап на Евросонг би предизвикало финансиски и други импликации по МРТ и драстично би го нарушило угледот и на Јавниот сервис и на државата во меѓународни рамки.

– Сепак, имајќи го предвид сево ова, а особено поларизираноста во нашето општество, Комисијата предлага за во иднина сериозно да се преиспита учеството на Јавниот сервис на меѓународни културни манифестации.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести