10 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

КИНА РАБОТИ ВО ПОЧНА ПАРЕА: Се произведуваат по ПЕТ МИЛИОНИ ВАКЦИНИ ДНЕВНО

Кина произведува до пет милиони дози вакцини против коронавирусот на ден, што е повеќе од тројно производство од 1 февруари, од околу 1,5 милиони дози, објавија денеска кинеските државни медиуми.

Агенцијата „Sinhua“ известува дека кинеските производители досега испорачале повеќе од 100 милиони дози вакцини на домашниот пазар, а до понеделник се искористени околу 80,46 милиони дози.

Анализата на Ројтерс проценува дека биле употребени 2,8 милиони дози на 21 и 22 март и дека вакцинацијата се забрзува, како што потврди Фенг Зидијан, заменик директор на Кинескиот национален центар за контрола и превенција на болести и објави дека се очекува вакцинацијата значително да се забрза од Април.

Планот на кинеските власти е да се вакцинираат 40% од 1,4 милијарди Кинези до средината на годината.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести