13 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

КАКО БОМБА ОДЕКНА ВО СВЕТОТ: Симпсонови завршуваат во 2023 година !?

Извршниот продуцент на „The Simpsons“ Ал Џин сугерираше дека најдолговечната анимирана серија на сите времиња во САД може да заврши по следните две сезони.

Синоќа „The Simpsons“ ја одбележаа 700-та епизода и тие веќе се подготвени за следните две сезони, што значи дека оваа анимирана серија ќе се емитува најмалку до 2023 година.

Сепак,Џин предупреди дека по 757. епизода на „The Simpsons“, „можеби е време да се напушти Спрингфилд“.

  • Дефинитивно ќе направиме 757 епизоди, рече тој за „Variety“.
  • Не би рекол дека е крај, но не знам до каде можеме, призна тој.

Сепак, тој е убеден дека Лиза, Барт, Меги, Марџ и Хомер Симпсон никогаш нема да исчезнат и дека ќе продолжат да живеат во разни форми.

  • Убеден сум дека откако ќе престанеме да снимаме, ќе дојдат некои други „The Simpsons“, рече тој.

Кој знае дали „The Simpsons“ некогаш навистина ќе завршат, но засега креаторот Мет Гронинг вети многу големи изненадувања што следат во следните две сезони.

  • Хомер ќе ја изгуби косата, Милхаус ќе добие контактни леќи, а Барт ќе го прослави десеттиот роденден по триесет и трет пат, додаде тој.

Но, едно е сигурно, без оглед како ќе заврши, наследството на „The Simpsons“ е ненадминливо и фер е да се каже дека само неколку ТВ серии ќе го имаат истото влијание.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести