10 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

184 санкционирани возачи во Скопје, 20 за брзо возење, 18 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за некористење сигурносен појас 48, 20 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 18 за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 53 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести