Објавувањето на снимките на вработените во австралиската конзервативна влада како вршат разни сексуални дејствија во парламентот, вклучително и мастурбацијата на бироата на пратениците, ја шокираше владата на таа земја, која веќе е нападната поради наводниот сексизам на политичарите.
Видеата и фотографиите очигледно биле разменети во група на Messenger од страна на вработените во конзервативната влада пред да бидат откриени од свиркач. Снимката ја прикажаа локалните медиуми во Австралија и „Chanel 10“.
Снимката предизвика бурни реакции, особено во контекст на низата скандали што ја расветлуваат сексистичката политичка култура во Австралија и доведоа до демонстрации низ целата земја.
Prime Minister @ScottMorrisonMP choked back tears discussing what he described as a “shameful” month before turning and lashing out at the media. #auspol #7NEWS https://t.co/stJNuthFqe
— 7NEWS Australia (@7NewsAustralia) March 22, 2021
Конзервативниот премиер Скот Морисон изјави дека е „шокиран и згрозен“, нарекувајќи го ваквото однесување скандалозно. Премиерот веќе беше критикуван за неговата млака реакција на неколку скандали, вклучувајќи го и случајот на службеник кој ја обвини својата поранешна колешка за силување.
Свиркачот, идентификуван под името Том, за два медиуми изјави дека владини претставници и пратеници понекогаш имале сексуални односи во молитвената сала на парламентот и дека проститутките ги внесувале во зградата „за задоволување на коалициските пратеници“.
Тој исто така рече дека вработените разменувале порнографски видеа и дека добил толку многу слики што „занемел“.
Тој зборуваше за културата на мажите кои мислат дека можат да прават што сакаат, наведувајќи дека тие вработени веројатно не прекршиле никаков закон, туку дека биле „морални грешници“.
Перцепцијата за токсично место за жените во зградата на парламентот се разгорува откако поранешна службенчка минатиот месец изјави дека колега ја силувал во канцеларија на министер пред две години. Таа рече дека не контактирала со полицијата од страв да не ја изгуби работата.
Leaked video reveals male officials exposing themselves and performing lewd act on a female colleague's desk inside Australia's parliament in latest sex scandal to rock the government https://t.co/kYBFbG8q9w
— Sex News Lady (@SexNewsLady) March 23, 2021
Премиерот рече дека изминатиот месец е „многу трауматичен“ откако вработената излезе во јавноста со обвинувања за силување и рече дека го поздравува фактот што овој настан придонесе за подетално разгледување на однесувањето на политичарите.
Тој рече дека ќе се обиде да внесе повеќе жени во парламентот.
Еден советник во парламентот е веќе отпуштен, а владата вети нови разрешувања.
Морисон рече дека во парламентот ќе се воведе задолжителна обука за вознемирување и лошо однесување, како и посилен и независен механизам за поплаки од вознемирен персонал.
Министерката за жени, Марис Пејн, која е и шеф на дипломатијата, рече дека овие откритија се повеќе од загрижувачки и дека ја зајакнуваат потребата да се спроведе истрага што владата ја наредила за културата на работа во Парламентот.