10 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

РЕКОРД ЗА ГИНИС: Најголемото уметничко дело продадено за 62 милиони долари (фото/видео)

Уметничката слика на Сача Џафри, која го држи Гинисовиот рекорд за слика направена на најголемото платно, беше продадена за 62 милиони долари на аукција во Дубаи.

Сликата „Патување на човештвото“ е исто така втора најскапа слика на жив уметник некогаш продадена, а е насликана на големо платно на подот од салата за танцување на хотелот „Atlantis“ во Дубаи, пренесува Ројтерс.

Производството на сликата траеше седум месеци, а платното беше поделено на седум дела, кои сите ги купи Андре Абдун, француски државјанин, кој живее во Дубаи и продава криптовалути.

Абдун рече дека има планови со сликата и дека се надева дека ќе заработи уште повеќе на неа за да им даде дел на хуманитарните организации, но не откри за што станува збор.

  • Целта е секогаш да се променат животите на децата ширум светот и да се потикне хуманоста, рече Џафри.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести