7 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Мајка почнала штрајк по дома – ова е резултатот (фото)

Што се случува кога мајката која ги извршува сите домашни работи одеднаш ќе престане да работи? Дали влегуваат добри самовили кои магично чистат и се грижат за сè?

Па, токму тоа сакала да знае една мајка кога започнала со „штрајк “.

Жената која на Твитер се претставува како Мис Поткин, решила да види што ќе се случи ако престане со средување на домот, а резултатите не беа спектакуларни.

– Пред два дена, решив да престанам да мијам садови. Ги подготвувам сите оброци и доста ми е чистење. Оттогаш, оваа гомила се појави и во одреден момент ќе останеме без лажици, чаши и чинии – напиша таа на Твитер.

Кој прв ќе трепне? Јас нема – таа беше експлицитна.

На третиот ден, Поткин откри дека нејзиното семејство ја користело последната голема чинија и лажици, но никој не рекол ни збор, па дури ни помислила да ја допре машината за миење садови.

Сепак, подоцна таа ја добила својата прва битка – некој ја испразнил кантата! За жал, напредокот траел кратко, бидејќи подоцна го забележала својот партнер  како користи бебешка лажица.

Тогаш г-ѓа Поткин го свртела вниманието кон алиштата, споделувајќи слики од неиспрана облека што почнала да се трупа во нејзиниот дом.

„Станува малку пост-апокалиптично“, рече таа.

– Последната ролна тоалетна хартија беше искористена синоќа во 19:04 часот. Не е заменета. Тој тоалет не работи сега кога забележавте дека нема хартија … Господ нека им помогне.

Таа започнала да се сомнева дека целата надеж е изгубена кога открила дека на полиците сè уште стојат празни шишиња со шампон.

Сепак, сè започнало да се менува откакоа еден член на семејството од прва рака доживеал колку е тешко да се изгребаат житарките што стојат во садот неколку дена.

– Се случува! Конечно, некој започна да ја полни машината за миење садови – весело прокоментира таа.

Победата е слатка. Честитки, госпоѓо!

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести