8 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Лефков: Бараме декласифицирање на податоците и јавно да се објави кој до сега примил вакцина против корона

Интегрален текст од изјава за медиуми –  Миле Лефков, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Вакцини нема, вакцинацијата сопрена, стоматолозите се известени бидејќи нема веќе вакцини ќе имало „краткотраен прекин на имунизацијата“ бидејќи немало веќе вакцини.

Не сопираат вестите во јавноста дека се вакцинирани високи функционери и владини претставници.  Сомнежот е каде се вакцинирани, дали тука или во други држави.

Сомнежите дека вакцинацијата се злоупотребува поточно дека се вакцинирани и политичари од власта мора да се расчисти. Не може и не смее да нема вакцини за здравствените работници,  а да има за политичарите од власта.

Во интерес на јавното здравје апелираме информациите за тоа кој се е вакциниран да се декласифицираат, кажете кој се е вакциниран. Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеме посебно барање до собраниската комисија за здравство да побара информации од Министерството за здравство  и точно да се знае кој до сега се вакцинирал против корона.

Во меѓувреме, бројката се движи околу високи 30 проценти заболени од вкупно тестираните.

Бројката на починати секој ден е по неколку десеттина.

Не е време да се кријат податоци. Апелираме на декласифицирање на податоците и расчистување на сите сомнежи.

Излезете и јавното кажете кој се и колку лица се вакцинирани, ова не е работа и бројки со кои треба да се шпекулира.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести