10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Барса мора да избира: Или Меси или Халанд, за двајцата нема пари!

Ако Барселона сака да потпише договор со напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, тогаш малку веројатно е дека ќе успее да го задржи Лео Меси во својот тим. Оваа информација ја сооппти новинарот на „Мундо Депориво“,

Франсеск Агиљар, кој пишува дека доколку биде продолжен договорот со Меси, каталонскиот клуб нема да има пари за да си дозволи трансфер од калибарот на 20-годишниот Норвежанец.

Зделката која би го одвлекла Халанд од Борусија (Д) се проценува на 125-130 милиони евра, а Барса нема такви пари. Клубот е во финансиска криза која новиот претседател Лапорта допрва треба да ја средува. Тоа значи дека клубот ова лето нема да има неограничени ресурси за трошење, особено ако се знае дека Каталонците како прва желба го имаат останувањето на Меси.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести