6 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

ТИНА ТАРНЕР СЕ ЗБОГУВА СО МУЗИКАТА

Американската рок-дива Тина Тарнер официјално објави дека ја завршува својата кариера, а со публиката ќе се збогува со новиот документарец за нејзиниот живот, што ќе се емитува на крајот на март.

Тина Тарнер е на јавната сцена повеќе од шест децении, таа со право ја носи титулата кралица на рокенролот, а сега, на 81-годишна возраст, реши да се повлече и да се збогува со своите фанови, пренесува „New York Post“.
На крајот, со цел да и се оддолжи на публиката што беше со неа претходните шест децении, таа направи документарец за HBO во кој ја раскажува својата животна приказна.

Овој филм е всушност нејзиното последно обраќање до јавноста и збогување од публиката.

Во филмот, таа зборува за тоа како сака да влезе во последното поглавје од нејзиниот живот – без рефлектори.

Во документарниот филм, таа гледа назад на својата младост исполнета со тага и болка, потоа на љубовта и глобалната слава што ја стекна во нејзините зрели години.

Филмот открива и дека таа страдала од посттрауматски стрес, што е последица на насилството што го претрпела додека била во брак со Ајк Тарнер.

Среќата ја пронајде во средината на 80-тите години од минатиот век со Ервин Бах, директорот на издавачката куќа, кој во филмот вели дека Тина му рекла: „Сакам да се збогувам од мојата публика. И тоа ќе биде мојот крај, моето последно збогување, пренесува Њујоршкиот весник.

Филмот „Тина“ е изработен од архивски материјал, стари записи и покрај раскошот на славата и музиката, ја покажува и мрачната страна на нејзиниот живот.

Родена како Ана Меј Булок, таа ја започна својата музичка кариера на 19-годишна возраст, во 1958 година како пејач и придружен вокал во „Кралеви на ритамот“ заедно со Ајк Тарнер.

Уште во 1960 година, таа стана позната во пошироката јавност како Тина Тарнер кога настапи заедно со Ајк Тарнер, со кого беше во брак од 1962 година до бурниот развод во 1978 година.

Таа ја продолжи својата соло кариера, но настапуваше во помали хотелски клубови и барови сè до 1983 година, кога ја „исфрли“ насловната нумера на Ал Грин „Let’s stay together“.
Песната стана голем хит, а следната година таа доби две недели од студиото за да сними албум. И таа го сними „Private Dancer“, што стана огромен комерцијален успех и беше нејзино големо враќање.

Таа го запознала Ервин Бах во 1986 година, кога тој бил испратен од музичката куќа „EMI“ да ја пречека на аеродромот во Лондон.

Првo како пријатели, тие започнаа врска истата година иако тој беше 16 години помлад од неа.

Во јули 2013 година, по 27 години љубов, тие се венчаа во Швајцарија, каде што живеат последните неколку години.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести