10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ПРОТЕЧЕ СТРОГО ЧУВАНА СНИМКА ЗА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА (видео)

Животот на принцезата Дајана и принцот Чарлс се уште е мистерија за многумина.

Но она кое е сигурно е дека нивниот живот бил многу потрагичен од она што го знаеме. Зад сите насмевки, палати, отмени облеки и отмени вечери се крие тага и двајца млади луѓе кои имаат огромни проблеми во нивната врска.

Па така деновиве низ медиумите кружи досега необјавена снимка која датира од 1981 година.

Впрочем, на младиот пар му било поставено прашањето „дали се сакате меѓусебно“, и додека Лејди Ди одговорила „секако“, Чарлс одлучил да даде поинаков одговор: „што и да значи љубовта“, прокоментирал тој, по што низа непријатни емоции се отсликале на лицето на принцезата.

Ова е една од ретките ситуации на кои што незадоволството не принцезата од Велс е очигледно и во која што не се трудела да го сокрие, пренесува „Daily Mail“.

Видеото секако дека е монтирано и исечено така што јавноста не го слуша коментарот на Чарлс, но необработените снимки емитувани биле во неделата на телевизијата „Channel5“.

Експертите за кралското семејство тврдат дека тоа е „шокантно“ и „неверојатно“.

„Изразот на нејзиното лице е речит. Никогаш претходно не сум видел таа толку јасно да покажува незадоволство пред камерите, тоа е одлична снимка“, вели историчарот за кралското семејство Пирс Брендон.

Од друга страна Ричард Кеј додал дека тишината меѓу нив по кажаниот коментар е морничава:

„Всушност може да видите како згасна сјајот во нејзините очи. За неа тогаш цел свет се сруши“, вели биографот на Дајана – Ендрју Мортон.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести