6 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

НА БРЕД ПИТ МУ ПУКНА ФИЛМОТ: Анџелина лаже за да ми ги земе децата

Бред Пит е очаен откако Анџелина Џоли објави дека ќе поднесе докази за домашно злоставување во бракоразводната парница против него. Документите до кои дошол порталот „The Blast“ наводно покажуваат дека актерката изјавила дека е подготвена да презентира нови докази за насилното однесување на актерот, а нивните деца ќе бидат главни сведоци.

Главниот адут на Џоли е наводната расправија меѓу Бред и Медокс во 2016 година, кратко откако парот објави дека се разведуваат. Во тоа време, Пит беше под истрага на ФБИ и на Социјалните служби на Лос Анџелес по пријавата дека бил насилен, вербално и физички, кон своите деца за време на летот со приватен авион.

Токму затоа, вели пријателот на актерот, тој е скршен и не може да верува дека неговите наследници се свртеа против него. Бред е буквално скршен од постапките на неговата поранешна сопруга и не може да го прифати фактот дека таа го прави сето ова со цел да добие старателство над децата.

  • Нивниот брак беше страствен и токсичен, тие се караа, но Бред никогаш не ја удрил. Ниту неа, ниту децата. Тој е скршен поради ова. Тој се чувствува целосно предаден од неговите деца. Сите негови пријатели ќе сведочат во негова корист – рече неговиот пријател.

Двојката имаат деца заедно, Медокс, Захара, Пакс, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен, а на судењето ќе се договорат за старателството и паричниот надоместок. Многумина веруваат дека Анџелина пласира невистини во јавноста затоа што судењето треба да заврши наскоро и дека на овој начин таа сака да собере поени.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести