11 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

Манчини останува селектор на Италија до 2024 година

Селекторот на Италија, Роберто Манчини ќе го продолжи договорот со репрезентацијата до 2024 година, пренесува „Ла Република“.

Неговиот договор истекува оваа година, но според извори на весникот, Манчини се согласил да потпише нов договор, според кој ќе добива 3 милиони евра годишно. Сега платата на италијанскиот стручњак на кормилото на „аѕурите“ е 2 милиони евра

Роберто Манчини стана селектор на италијанската репрезентација во 2018 година. Под негово водство, Италија имаше 10 победи на 10 натпревари на квалификацискиот турнир за Европското првенство 2020. Исто така, италијанскиот тим го освои првото место во својата група во Лигата на нации.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести