14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Изненадување: Чаби Алонсо на клупата на Менхенгладбах!?

Како што денеска објавува “Билд“, Чаби Алонсо во јуни ќе седне на клупата на Борусија Менхенгладбах. Познато е дека сегашниот стратег на овој тим, Марко Розе, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Борусија Дортмунд, па раководството на Менхенгладбах во легендарниот шпански фудбалер гледа наследник на Розе.

Да потсетиме дека Чаби Алонсо е некогашен европски клупски првак, светски и европски првак со Шпанија, а има играно за Ливерпул, Баерн Минхен, Реал Мадрид. Важи за еден од најдобрите фудбалери во Шпанија во нејзината историја.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести