10 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Еве зошто жените имаат потешка реакција на вакцината против ковид-19

Имала болки, треска, била уморна…

Научниците од Центарот за превенција и контрола на болести тврдат дека жените имаат посилни несакани ефекти по вакцинацијата во споредба со мажите.

Здравствените работници Шели и Скот Бломгрен беа меѓу првите кои беа вакцинирани против ковид во Америка. По втората доза, истото попладне увиделе дека Шели има сосема поинаква реакција на вакцината.

„Тој беше добро, а јас се чувствував како да умирам. Инаку сум прилично силна и можам да поднесам болка, но ова беше страшно“, изјави Шели Бломгрен за американските медиуми.

Имала болки, треска, била уморна

Таа вели дека се борела скоро два дена со, како што вели, најтешката болка, треска и замор што некогаш ги доживеала, додека нејзиниот сопруг одел на работа и продолжил да се однесува како и обично. По два дена, и таа била добро и постепено закрепнала. Симптомите и проблемите што ги опиша таа се чини дека се појавуваат во многу домаќинства во Америка, тврдат експертите.

Според извештајот на Центарот за превенција и контрола на болести, по добивањето на првите 13,8 милиони, извештаите велат дека несаканите ефекти се почести кај жените. Дури 79 проценти од пријавените несакани ефекти стигнале од жени, иако само 61 процент од вакцините биле „потрошени“ на жени.

Резултатите од студијата не се толку загрижувачки за експертите за заразни болести. Посочуваат дека посилна реакција кај жените на други вакцини била забележана веќе пред неколку години.

Што е причината?

Експертите претпоставуваат дека кај жените, особено жени во менопауза, нивото на естроген е одговорно за активирање на имунолошкиот одговор за време на вакцинацијата. Мажите имаат повеќе тестостерон, хормон кој може да ја забави и намали реакцијата.

Едноставно кажано, жените имаат поголема веројатност да имаат посилни реакции на вакцината затоа што нивното тело е побрзо и посилно кога станува збор за активирање на она што вакцината го носи во организмот.

„Инфективните болести воопшто се секогаш имунолошки одговор, а не грешка“, рече д-р Лери Шлезингер, претседател и шеф на медицинскиот институт во Сан Антонио, кој истакна дека зад тоа стои многу „наука“. Во минатото, вели тој, многу добро се следела посилната реакција кај жените кога станува збор за вакцината против грип и други болести.

Шлезингер верува дека естрогенот испраќа сигнали до телото за производство на повеќе Т-клетки, кои нè штитат кога вакцината ќе се појави во организмот.

Како да се справите со реакцијата?

Предизвик за научниците е како да ги споделат овие информации со јавноста, без да создаваат паника или да влијаат натоа  жените да одбијат вакцинација.

Д-р Вилијам Шафнер, експерт за заразни болести на универзитетот Вандербилт, додава дека ова е феномен што не е проучен доволно, иако е познат подолго време. Таа ги моли жените да разберат дека ова е краткотраен симптом поради кој не смеат да одбиваат вакцинација.

„Ковид-19 е болест што може да донесе сериозни компликации, а вакцината е важна алатка за превенција на болести, но и компликации“, а Шафнер додава дека треба само да се засукаат ракавите и да се оди на вакцинација затоа што вакцините се ефикасни и служат како заштита за секого и осигурување дека животот може да се врати во нормала.

Бломгрен вели дека и покрај реакцијата, никогаш не зажалила што се вакцинирала или размислувала да го прескокне редот.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести